(ВИДЕО) Несреќа во Сочи: Девојката ја однесе бран на плажа, се уште не ја нашле

Од:

Случаен минувач го снимил шокантниот момент кога 20-годишна девојка била однесена од голем бран на плажа во Сочи, Русија, за време на невреме. Според руските медиуми, инцидентот се случил на 16 јуни и оттогаш девојката не е пронајдена. На социјалните мрежи се појави шокантно видео кога девојка исчезнува на плажа.

На видеото се гледа како девојка шета на плажа со своето момче, додека брановите беснеат. Иако првично биле на плажа, во еден момент поради брановите губат рамнотежа, но младиот човек успева да излезе од водата.

Меѓутоа, вториот бран ги покрил и двајцата и го одвлекол младиот човек понатаму кон плажата, додека девојката била однесена и исчезнала во водата.

На видеото потоа се гледа како младиот човек очајнички ја бара, но безуспешно.

Руските медиуми јавуваат дека иако биле мобилизирани службите на Министерството за вонредни ситуации, девојката до денес не е лоцирана.

Како што напоменуваат на 16 јуни, плажите во Сочи биле затворени поради временските проблеми кои владееле во тоа подрачје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Жена загина во несреќа на скопската обиколница

Горан Наумовски

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

А1он

Аеродромите во Сочи и Казан затворени од безбедносни причини

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета