ВИДЕО: Неколку застрелани во трговски центар во Копенхаген

Од:

Неколку лица се застрелани, а едно е уапсено денеска во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската полиција.

Полицијата на Твитер објави дека пристигнала во трговскиот центар „Филдс“ по пријави за пукање.

Таа ги советувала оние кои се нашле внатре да се скријат и да чекаат помош од полицијата.

Локалните медиуми објавија фотографии од вооружени полицајци на местото на настанот, како и луѓе кои бегаат од центарот.

Британскиот пејач Хари Стајлс треба да одржи концерт во блиската сала во 20 часот по локално време. Организаторот на концертот се уште не одговорил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари