ВИДЕО: Неапол се тресе, речиси 150 земјотреси во пет часа

Од:

Речиси 150 земјотреси, најсилни во последните 40 години, се регистрирани синоќа и утринава на Флегрејските полиња во близина на Неапол во јужна Италија, во кои не е предизвикана голема штета, но имаше паника меѓу населението, соопштија властите.

земјотрес со јачина од 4,4 степени е регистриран во 20 часот и 10 минути по локално време на длабочина од 2,5 километри, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.

Институтот забележа десетици послаби потреси на земјата во следните часови. Вкупно, околу 150 земјотреси ја погодија областа за помалку од пет часа, почнувајќи од 19:50 часот. Според претставникот на Институтот, Мауро Ди Вито „ова е најмоќната серија земјотреси во последните 40 години“.

На видеата на жителите објавени на социјалните мрежи, може да се видат шишиња со млеко и пијалоци расфрлани на подот во продавниците во општината Позуоли во областа на Флегрејските полиња, каде живеат околу половина милион луѓе. Земјотресот бил силно почувствуван и во Неапол, вклучително и во пристаништето.

Училиштата денеска ќе останат затворени во Позуоли, каде што се отворени сместувачките центри и се поставени шатори на паркинг и плоштад покрај морето за да се сместат во жителите, објави на Фејсбук градоначалникот на градот, Луиџи Манцони. Од противпожарната бригада велат дека жителите пријавиле пукнатини во куќите и делови кои паднале од фасадите на зградите.

Флегрејските полиња се засенети од Везув, чија ерупција ја избриша Помпеја од картата во 79 година од нашата ера. Локалните жители и научниците се загрижени за оживување на активноста поради гасовите што се испуштаат од магмата што вршат притисок врз површината што предизвикува пукање на земјата.

Би можело да ве интересира

Жена загина во Неапол кога врз неа паднала статуа од балкон

Неаполската мафија тврди дека убила погрешен човек, на семејството му нуди пари и стан

ВИДЕО: Се урнаа гробишта во Неапол, висат десетици ковчези

А1он

ВИДЕО: Огромен кратер проголта автомобили во Неапол

Катерина Ѓуровски

Фудбалски Неапол го смени заштитникот на градот, Свети Павле, со Диего Марадона

Жарко Настоски

ВИДЕО: Неапол е „вон контрола“ – болниците преполни, редици за тестови, на улиците протести

Жарко Настоски