Политичкиот сојузник на Ангела Меркел, Волфганг Босбах учествувал во посебно издание на квизот„Сакате да станете милионер“, но застанал на прашањето за половина милиони евра, па ја искористил помошта повикај пријател и го свртел бројот на германската канцеларка надевајќи се дека таа го знае одговорот на поставеното прашање.
Но за жал од другата страна не добил одговор. Било потребно да се одговори на прашањето по што машината за перење „WМ66“ од Источна Германија била легендарна, меѓутоа Босбах не го знаел одговорот и одлучил за помош да ја повика Ангела Меркел.
Ѕвонел два пати, но безуспех, па бидејќи не го знаел одговорот Босбах се откажал од играта и освоил 125.000 евра за хуманитарни цели, но набргу добил и порака од канцеларката дека не можела да му се јави.
-Ангела се е веќе решено, но благодарам што се јави- и одговорил Босбах.
Инаку точниот одговор на прашањето бил дека повеќето сопственици ја користеле машината за перење за правење мармалад.
Е. Г.