Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални го обвини претседателот Владимир Путин дека користел државни пари за да ги финансира своите тајни љубовнички. Тој наведува дека рускиот лидер, кого го нарекува најбогат човек на светот, ги користи „парите за трошоци“ за да ги покрие побарувањата на другите жени и нивните семејства, вклучувајќи го и неговото 17-годишно дете кое произлезе од една од тие врски, пренесува „Дејли меил“.
Исто така, Навални тврди дека Путин има палата на Црното Море во вредност од милијарда фунти.
Опозицискиот лидер, кој наводно бил отруен со хемиски нервен агенс, ги изнесе сите тврдења на видеото објавено по апсењето во Москва.
Овие обвинувања ја вклучуваат и наводната партнерка на Путин, Алина Кабаева, поранешна гимнастичарка на Олимписките игри, како и наводно поранешната љубовница Светлана Кривоногих, која исто така е наводно мајката на нивното дете, ќерката Елизабет, која сега има 17 години. Информации за нив се објавени и на страницата palace.navalny.com.