„Ова е новата ера на човековото достигнување, денес НАСА испишува нова историја“, велат од НАСА и SpaceX.
Од земјата американските астронаути повторно по скоро цела деценија ќе заминат во Меѓународната вселенска станица како дел од програмата насловена како „NASA’s Commercial Crew Program“.
Космонаутите Роберт Бенкен и Даглас Харли ќе летаат од Кенеди центарот во Флорида со ракетата Фалкон 9 како дел од тимот на „SpaceX Crew Dragon spacecraft“.
Времетраењето на мисијата се уште не е прецизирано.
И покрај техничката исправност на ракетата, службата на НАСА не дозволи да биде започната експидицијата поради лошите временски услови.
Космонаутите ќе се обидат повторно да заминат во Меѓународната вселенска станица во сабота на 30 мај.