ВИДЕО: НАСА пронајде нови докази за живот на Марс

Од:

Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека пронашла доказ за живот на Марс. Ровер Кјуриосити открил мистериозан пораст на концентрација на метан во атмосферата, за што геолозите и останатите теоретичари немаат објаснување.

Експертите се уште не се сигурни која е причината за овие промени, но можно е дека на нив влијаат мали бактериски организми. На Земјата дури 95 проценти метан го произведуваат микроорганизамите, па доколку овој плин на Марс навистина го произведуваат живи суштества, односно микоорганизми, тоа би значело дека човештвото дошло до едно од најголемите откритија во историјата.

Истражувачите до ова откритит дошле со помош на посебни инструменти на роботот Ровер Кјуриосити, со кои во последните 20 месеци анализирале примероци од атмосферата.

Кон крајот на 2013 година и почеток на 2014 година во четири наврати нивото на метан на две места одалечени од 200 до 300 метри изнесувало 7,2 честички на милијарда волумен, а пред и по тие изненадувачки скокови, концентрацијата на метан изнесувала едвај една десетина од тоа ниво.

nasa-mars1

Овој робот од август 2012 година го истражува кратерот Гале на Марс, чија што ширина изнесува 150 километри и кој што настанал од удар на астероид и направил неколку дупки на површината на Црвената планета.

Сателитските снимки откриле необични „облаци“ од метан во атмосферата, но никогаш ваков голем раст на концентрација не бил измерен до сега во овој кратер.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината