Руската ПВО спречи украинско беспилотно летало да нападне телевизиска кула во југозападната руска област Брјанск, која граничи со Украина, изјави утринава локален претставник.
Гувернерот на Бријанск, Александар Богомаз изјави дека пожарот е изгаснат и дека итната помош работи на местото на наводниот напад.
Explosion in #Bryansk, Russia#SupportUkraine #Ukraine #RussiaUkraineConflict #warfootage #warinukraine #Russiaisaterroiststate #Russiaisaterroriststate #ukrainianwarvideos pic.twitter.com/NpweESNyQW
— SkyOverUkraine (@SkyAboveUkraine) August 30, 2023
„Два беспилотни летала се обидоа да ја нападнат ТВ-кулата. Немаше жртви или штети“, изјави Богомаз. Руското Министерство за одбрана рано утринава соопшти дека украински беспилотни летала биле пресретнати над регионите Брјанск, Ориол и Калуга.
⚡️ One of the largest microelectronics companies in #Russia was attacked
Over #Bryansk, at least one of the drones hit the "Kremniy EL" plant. Preliminarily there is destruction, ambulance and Emergencies services are working on the site. pic.twitter.com/PcH6sZR0Ri
— NEXTA (@nexta_tv) August 29, 2023
Гувернерот на Ојол, Андреј Кличков изјави дека над западниот регион биле соборени два дрона. Во Калуга, југозападно од Москва, третото беспилотно летало е уништено над областа Сукинички, изјави гувернерот Владислав Шапша. Нема извештаи за штета или повредени во наводните напади.