(ВИДЕО) Напад на Одеса: Еден мртов, 15 повредени

Од:

Во руски напад врз пристанишниот град Одеса, во неделата вечерта загина цивил, а околу петнаесет лица, меѓу кои и деца, беа ранети, изјави гувернерот на тој регион. „За жал, еден цивил беше убиен во напад на Русите на Одеса во текот на ноќта“, напиша гувернерот Олех Кипер на Телеграм.

Кипер малку порано извести за „рускиот напад во 3 часот по полноќ“ (02:00 часот по средноевропско време). „Во Одеса имаме 18 жртви, меѓу кои четири деца. Четиринаесет лица се пренесени во градските болници, меѓу кои три деца“, рече тој, додавајќи дека спасувачките екипи се на местото на настанот.

Пред тоа, гувернерот зборуваше за „штети на цивилната инфраструктура, станбените згради и верските институции“. „Повеќе системи за ракетна одбрана“ и тактички проектили за Украина побара шефот на кабинетот на претседателот, Андриј Јермак.

Одеса, чиј историски центар е вклучен во списокот на светско наследство, редовно е цел на руски напади. Градот доживеа „ноќ од пеколот“ во четвртокот, при што Киев ја обвини Москва дека ја таргетира пристанишната инфраструктура за да го спречи можното обновување на украинскиот извоз на жито. Во петокот, УНЕСКО „најостро ги осуди“ руските напади врз „неколку музеи“ кои „претрпеа штета“.

Би можело да ве интересира

Макрон го отфрли клучното руско барање за прекин на огнот во Црното Море

„Русија не планира да ги напушти окупираните територии во Украина“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре и се ќе биде готово

Катерина Ѓуровски

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Претставникот на Трамп тврди дека Зеленски прифатил да се одржат претседателски избори