ВИДЕО: Напад на Лавов, има мртви и многу повредени

Од:

Руска ракета погоди станбена зграда во западниот украински град Лавов, при што загинаа најмалку четири лица, изјави локалниот градоначалник. Андриј Садовји рече дека се повредени уште осум лица, од кои едно потешко. Се стравува дека повеќе луѓе би можеле да останат заробени под урнатините.

Регионалниот лидер Максим Козицки рече дека во градот бил погоден „објект на критична инфраструктура“. Тој не даде детали. Руската војска не го коментираше пријавениот напад.

Оштетени се многу станови – повеќе од 50“, рече градоначалникот во кратката видео порака. Тој додаде дека се уништени и околу 50 автомобили. Садовји рече дека две лица се извлечени од урнатините и дека спасувачките екипи ја продолжуваат потрагата.

Во меѓувреме, Козицки рече дека „главната цел на Русија е уништување на украинскиот народ“. „Но, ние ќе победиме“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина