ВИДЕО: Најмалку деветмина загинати во стампедо во Сао Паоло

Од:

Девет луѓе денеска загинаа во стампедо во предградие на бразилскиот град Сао Паоло откако двајца осомничени, кои ги бркала полицијата, влетале помеѓу насобраниот народ кој присуствувал на улична забава.

На забавата имало околу 5.000 луѓе, а седуммина се повредени и хоспитализирани.

Осомничените на мопед бегале и при тоа пукале врз полицијата.

Портпаролот на полицијата Емилиано да Силва Нето изјави дека одредени лица кои присуствувале на забавата фрлале со камења и шишиња врз полицајците, а тие возвратиле со солзавец при што настанало стампедо во кое девет луѓе се прегазени до смрт.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски