(ВИДЕО) Најмалку четири лица загинаа во напад врз Киев, гори Киевско-Печерската лавра

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а 23 се повредени во рускиот напад врз Киев, а пожар ја зафати Киевско-Печерската лавра, едно од најважните религиозни места во Украина и дел од светското наследство на УНЕСКО, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

Кличко рече дека 40 локации во Киев претрпеле материјална штета од руските ракетни и беспилотни летала, објави Укринформ.

Кличко рече дека била погодена и 25-катна станбена зграда, како и дека поради рускиот напад избувнал пожар на пазар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир