(ВИДЕО) Најмалку 50 автомобили учествуваа во голема сообраќајка во Русија, има и загинати

Од:

Најмалку 50 автомобили учествувале во голема сообраќајна несреќа на автопатот М-11 во Новгородската област. Ова го објави шефот на регионот Андреј Никитин на својот канал на Телеграм. Според последните информации, во несреќата загинале четири лица, јавува руската државна новинска агенција Тасс.

„На автопатот М-11 се случи масовен судир во кој учествуваа околу 50 автомобили. Има и жртви. Сега регионалните служби ја пружаат сета расположлива помош. Ќе поставиме пункт на местото на несреќата каде што луѓето ќе можат да се загреат, а на луѓето ќе им се дава топол чај и сендвичи“, рече Никитин.

Автопатот М-11 ги поврзува Москва и Санкт Петербург. Во моментов во прекин е сообраќајот во правец на Москва.

На местото на несреќата пристигнале вработени во Министерството за вонредни состојби, Државната инспекција за безбедност во сообраќајот и Истражната комисија.

Обвинителството во Новгород покрена истрага за големата несреќа.

Би можело да ве интересира

Песков: Познат е ставот на Москва за распоредувањето европски мировници во Украина

Путин: Русија сака Украина да стане пријателска држава, Зеленски нема шанси да биде реизбран

Горан Наумовски

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Тешка сообраќајка во Скопје, повредени се тројца малолетници

Горан Наумовски

Петмина повредени во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски