(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Од:

Најмалку 23 лица загинаа во шумските пожари кои продолжуваат да го пустошат југоисточниот дел на Јужна Кореја, покажуваат најновите податоци на Министерството за внатрешни работи и безбедност на земјата.

Шумските пожари се меѓу најлошите во историјата на Јужна Кореја, предизвикувајќи невидена штета и ги надминуваат сите прогнозирани модели, рече привремениот претседател Хан Дак-су.

Илјадници пожарникари се борат со повеќе од десетина пожари во југоисточниот дел на земјата од викендот. Евакуирани се повеќе од 23.000 луѓе, а оштетени се и неколку културни локации, меѓу кои и будистички храм стар 1.300 години, кој е целосно уништен. Како одговор на ситуацијата, Хан во средата објави дека нивото на безбедност се подига до максимум и прогласи „целосен национален одговор“.

„Шумските пожари што горат веќе пет дена во Улсан и во регионот Гјеонгсанг предизвикуваат невидена штета“, рече Хан, додавајќи дека тие се шират на начин што „ги надминуваат сите постоечки модели на прогнозирање“.

Состојбата со пожарите ја влошува сувото и ветровито време. Противпожарен хеликоптер се урна во планините на округот Ујсеонг, потврдија властите.

Илјадници пожарникари и околу 5.000 воен персонал се распоредени на теренот во обид да спречат повеќе пожари, а распоредени се и хеликоптери од американската војска стационирана во Кореја.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје