ВИДЕО: Најмалку 16 мртви во руски напад на затвор во Украина

Од:

Најмалку 16 лица беа убиени, а уште 35 ранети во напад на руските сили врз казнена установа во регионот Запорожје, во југозападна Украина, потврдија локалните власти. Нападот е извршен во понеделник вечерта, а украинските власти истакнуваат дека затворските згради се целосно уништени, пишува The Guardian.

„Затворските објекти беа уништени, а погодени беа и приватни куќи во близина“, напиша гувернерот Иван Федоров на Telegram. Покрај тоа, четири цивили беа убиени во одделни руски напади врз регионот Дњепропетровск, објавија локалните власти. Неколку други лица беа ранети во овие напади, но точниот број сè уште не е познат.

Серијата напади е меѓу најсмртоносните во последните месеци, при што руските сили редовно го напаѓаат Запорожје со беспилотни летала, ракети и воздушни бомби од почетокот на инвазијата во 2022 година. Федоров рече дека осум ракети, вклучувајќи моќни бомби, биле испукани кон областа Запорожје во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Во Црна Гора уапсен шефот на мрежата „Рибар“, поврзана со руските хибридни операции

Катерина Ѓуровски

Американците и Украинците во Мајами разговараат за завршување на војната

Катерина Ѓуровски

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Русија го напдна Киев со ракети и дронови, двајца мртви

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ