ВИДЕО: Најџел Фараж во хаос по изборите: Граѓаните го навредуваа, тој им викаше дека се досадни

Од:

Додека лабуристите тргнаа во формирање влада, а конзервативците тагуваа за нивниот пораз, Најџел Фараж – лидерот на Реформската партијата – го украде вниманието на јавноста ден по изборите во ОК.

Политичката опција на Фараж освои, според досега утврдениот број гласови, вкупно пет пратенички места, а Фараж изрази големо задоволство од ваквиот редослед на настаните.

По тој повод тој закажа и прес конференција за да говори за изборните резултати, но наиде на големо незадоволство кај граѓаните.

Неколку мажи и жени извикуваа пораки против Фараж во салата во која требаше да се одржи прес-конференцијата.

„Најџел, ти си расист и лажго“, извикуваа присутните.

Граѓаните продолжија да извикуваат слогани против Фараж, а тој одговори повторувајќи неколку пати колку се „досадни“.

Исто така, кога обезбедувањето ги избрка присутните, Фараж продолжи со коментарите.

„Претпоставувам дека ова е добра подготовка за Долниот дом“, рече Фараж.

Фараж на изборите седум пати се обиде да влезе во парламентот, но никогаш не успеа.

Но, по овие избори Фараж ќе влезе во парламентот заедно со четворица колеги, а по изборите со порака им се заблагодари на гласачите.

„На Велика Британија и се потребни реформи“, заклучи тој.

Би можело да ве интересира

Банката на британскиот политичар му ја затвори сметката, една од причините и пријателството со Новак Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ