Падот на „Џерман Вингс“ повторно ги отвори прашањата за тоа дали авио-сообраќајот е безбеден, како и кои се најчестите причини за пад на авион.
Авионите, кои што вообичаено се сметаат за нејбезбедно превозно средство, започнаа да губат репутација по четирите несреќи, кои што се случија минатата година.
Експертите за авио-превоз тврдат дека причините за несреќи се различни, но дека врз трагедиите влијаат низа ризични фактори.
Според мрежата за безбедност при авијација во тек на 2014 година се случиле 21 авионски несреќи, во кои што животот го изгубиле 990 лица.
-Причините се различни од технички дефект, грешка на пилот или неочекувано невреме. Сепак тие се случуваат кога ќе дојде до повеќе пропусти-наведе координаторот на Здружението на пилоти на турските авикомпании, Бехчет Комурку.
Се смета дека најчеста причина за авионските несреќи е човечкиот фактор, односно дека половина од трагедиите се предизвикани поради грешка на пилотот. Според истражувањата поради механички дефекти се урнале 22 проценти од вкупниот број на паднатите авиони.
Е. Г.