ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Од:

Во Пакистан денеска загинаа најмалку 22 луѓе во експлозија на главната железничка станица во Балучистан, провинција во југозападниот дел на земјата, соопштија полициски и медицински извори.

„Досега загинаа 22 лица, работиме на утврдување на природата на експлозијата“, соопшти полицијата, додавајќи дека бројот на жртви може да биде поголем.

Службеникот на регионалната болница во Кета, од своја страна, изјави дека се примени 46 повредени лица.

Експлозијата се случи утринава на централната станица Кета, главниот град на Балучистан, на границата со Авганистан и Иран, каде што патниците чекале на перонот.

Балучистан е најголемата, но и најсиромашната провинција во Пакистан, и покрај значителните ресурси на гас и руда. Во таа покраина се активни сепаратистите.

Многу од проектите за експлоатација се финансирани и управувани од странски земји, особено Кина, кон која вооружените сепаратистички фракции редовно го вперуваат прстот, обвинувајќи дека трупа богатство без да го сподели со локалното население.

Една од нив, Ослободителната војска на Белуџистан, редовно тврди дека извршува смртоносни напади врз полицајци и Пакистанци од други провинции.

Би можело да ве интересира

Русија за крвавиот напад на Суми: „Украина користи цивили како воен штит“

Млад маж со чекан го нападнал соседот, во притвор е заедно со неговите помагачи

А1он

(ВИДЕО) Нападнат е Киев: Избувнаа пожари, има и повредени

Руски напад на Криви Рог: Најмалку 18 загинати, меѓу кои и девет деца

Најмалку седум лица се повредени денеска во напад со нож во Вашингтон

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам