ВИДЕО: Над 150 танкери се блокирани во Ормутскиот тесенец

Од:

Најмалку 150 танкери, вклучувајќи ги и оние што превезуваат сурова нафта и течен природен гас (LNG), се закотвени во отворените води на Персискиот Залив над Ормутскиот Теснец, а десетици други се стационирани од другата страна на тесниот морски премин, покажаа податоците за превозот во неделата, откако американските и израелските напади врз Иран го втурнаа регионот во немири и неизвесност.

Танкерите се групирани во отворените води покрај бреговите на големите производители на нафта во Заливот, вклучувајќи ги Ирак и Саудиска Арабија, како и гигантот за течен природен гас Катар, процени Ројтерс врз основа на податоците за следење на бродовите од платформата MarineTraffic.

Голем број бродови се закотвени во рамките на ексклузивните економски зони (EEZ) на клучните држави од Заливот, вклучувајќи ги Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, соопшти MarineTraffic, додека десетици товарни бродови се групирани одделно и закотвени во различни EZ.

Околу 20 проценти од глобалната нафта, вклучително и од производителите Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Кувајт и Иран, поминува низ Хормуз, заедно со големи количини на LNG од Катар.

Покрај тоа, најмалку сто танкери моментално се закотвени надвор од теснецот покрај бреговите и сидриштата на Обединетите Арапски Емирати и Оман, заедно со десетици товарни бродови, според „MarineTraffic“.

По израелско-американскиот напад, неколку сопственици на танкери, нафтени компании и трговски куќи ги прекинаа испораките на сурова нафта, гориво и течен природен гас (LNG) преку Ормутскиот теснец, а Техеран објави дека го затворил за бродови, соопштија трговски извори во саботата.

Би можело да ве интересира

Иран објави мапа со точни цели: Ќе го потопиме целиот регион во темнина

А1он

Иранците тврдат дека собориja американски борбен авион Ф-15

А1он

Иран наплаќа такса од 2 милиони долари за премин низ Ормутскиот теснец

А1он

ВИДЕО: Иранците продолжија со нападите, погоден јужен Израел, над 100 повредени

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“

(ВИДЕО) Иран брутално нападна: Ракета падна до главниот нуклеарен објект на Израел

Предраг Петровиќ