ВИДЕО: Начини на кои што луѓето сакале да го искористат атомското оружје

Од:

Нуклеарните бомби, односно атомското оружје предизвикува страв и трепет кај мнозинство жители на Земјата. Меѓутоа историјата вели дека главно Американците планирале, но и го употребиле ова оружје за масовно уништување на крајно бизари начини.

САД само во рамките на проектот Пловшер во периодот помеѓу декември 1961 и мај 1973 година, извеле дури 27 тестови. Бомбите биле фрлани ширум Америка, а најмногу во државата Невада.

Целта на тие тестирања била да се добие одговор на прашањето дали атомските бомби може да се искористат и како извор на енергија и за добивање ресурси.

Меѓутоа еден од најбизарните планови бил на астрономот Фриц Цвики, кој сметал дека е можно да се населат планетите во Сончевиот систем, но дека за тоа е потребно да се фрлаат нуклеарни бомби. Тој тоа го објаснил со зборовите дека некои планети како Јупитер се премногу одалечени од Сонцето и дека поради тоа се студени, додека Меркур и Венера се претопли.

Тој во 1961 година имал идеја дека со употреба на атомските бомби планетите ќе добијат нов распоред, кој ќе создаде соодветна температура. Меѓу останатото имал и идеја во Сахара да направи езеро, кое би го ископала атомска бомба.

Сепак меѓу сите тие тајни планови бил и „Проектот А119“ кој подразбирал да се фрли атомска бомба на Месец. Но за среќа овој план не бил рализиран. Тој вклучувал ракета која би носела мала нуклеарна бомба, а која би требало да биде лансирана од тајна локација.

Американските научници во екот на Студената војна се надевале дека експлозија на атомска бомба на Месецот би предизвикала спектакуларен блесок кој би ги вознемирил Советите и засекогаш би знаеле кој е „главен во Вселената“.

Мисијата била планирана за 1959 година, но за среќа се откажале од неа, бидејќи сфатиле дека носи бројни опасности за жителите на Земја.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Германската влада постигна договор за продолжување на работата на нуклеарните централи до пролет

МААЕ: Иран збогатил ураниум блиску до нивото на нуклеарна бомба

Австралија и Аргентина најдобро би се справиле со последиците од хипотетичка нуклеарна војна

Хирошима одбележува 77 години од фрлената нуклеарна бомба: Светот пред повторни закани од атомски напади

Советник на Хамнеи: Иран е способен да направи нуклеарна бомба

Скен : Ќе ѕвечат нуклеарки во Европа – ни тропа ли трета светска војна на врата?

Анита Петровска Рајковиќ