ВИДЕО: „На ракета, да те е**м“ – снимка од одговорот на Зеленски на руски новинар стана вирално

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше кратка размена со дописникот на руските државни медиуми „Вести“ за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Додека Зеленски минуваше со својата делегација покрај новинарите, дописникот Валентин Богданов неколкупати го праша кога планира да отпатува во Москва.

Зеленски првично не реагираше и продолжил да се движи, а потоа со раката ја покри устата и на руски му одговорил: „На ракета, е*ате“.

Снимката од кратката размена брзо се прошири на социјалните мрежи и во медиумите.

Размената се случила во период кога повторно се разговара за можноста за директни преговори меѓу Киев и Москва. Зеленски на маргините на Генералното собрание на ОН се сретна и со американскиот претседател Доналд Трамп.

Според кабинетот на Зеленски, двајцата разговарале за можни чекори за деескалација и прекин на нападите врз енергетската инфраструктура.

Зеленски изјавил дека Украина е подготвена да престане со нападите врз руската енергетска и извозна инфраструктура доколку Москва го направи истото.

На средбата било разговарано и за зајакнување на украинската противвоздушна одбрана пред зимата. Киев бара дополнителни американски системи „Патриот“ и ракети-пресретнувачи, како и можност за нивно производство во Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силни екплозии во Киев, има мртви и повредени

„Путин не победува во војната, но и не губи, тоа е вистина“

Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа во Њујорк

А1он

(ВИДЕО) Тензично на истокот на НАТО поради Русите: „Не зборуваме јавно за многу сценарија“

Катерина Ѓуровски

Европа се подготвува за конфликт со Русија: анализата на CNN открива дека коридорот Сувалки е најранливата точка на НАТО

ВИДЕО: Страв од нова мобилизација во Русија, осум пати зголемени барањата за итна помош при иселување

Катерина Ѓуровски