ВИДЕО: На погребот на Хамнеи, повик за убиство на Трамп: „Зошто е сè уште жив?“

Од:

На погребната церемонија на поранешниот ирански врховен лидер Али Хамнеи во Техеран беа упатени јавни повици за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, додека тој возврати со остри пораки на сметка на Иран, објави Euronews.

Пред десетици илјади присутни, говорникот Мохамад Расули праша: „Зошто да не го убиеме човекот што го уби мојот имам и мојот водач?“, по што додаде дека „убиството на Трамп е наша должност“. Неговите зборови беа проследени со аплауз, а насобраните извикуваа „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.

За време на церемонијата беа истакнати и плакати со заканувачки пораки кон Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Над комплексот Мосала во Техеран беше развеано црвено знаме со натпис „Ya Litharat al-Hussein“, симбол кој во шиитската традиција претставува повик на одмазда.

Во меѓувреме, Трамп изјави дека Иран „очајно сака договор“ со САД. Говорејќи од Маунт Рашмор, тој рече дека Вашингтон му дал на Техеран „една недела за погребот“ и оцени дека Иран е под силен притисок.

Во интервју за Axios, Трамп изјави дека американската страна знае каде се наоѓа иранското раководство.

„Сите се таму. Со еден истрел можеме да ги елиминираме сите, но нема да го направиме тоа бидејќи тогаш нема да имаме со кого да преговараме“, рече американскиот претседател.

Острите изјави од двете страни доаѓаат во период кога продолжуваат дипломатските контакти меѓу Вашингтон и Техеран за можен договор по неодамнешните тензии и вооружениот конфликт.

Би можело да ве интересира

Трамп нуди поволности за Москва во мировниот договор за Украина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трамп веќе отворено ја брани Русија, Зеленски вели загубил територија и океани

Трамп сака свој океан, но „Гугл“ го одби барањето

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Трамп ги укина санкциите и царините кон Русија

Портпаролката на Трамп призна дека паднала на правосудниот испит