ВИДЕО: На Мерц му фалеа шест гласа, не стана германски канцелар

Од:

Лидерот на германските демохристијани Фридрих Мерц не успеа да го освои потребното мнозинство во Бундестагот за да биде избран за германски канцелар во првиот круг на гласање, што претставува неочекуван удар за неговата нова коалиција со социјалдемократите.

Мерц (69), кој на чело на Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ победи на федерално ниво во февруари и договори коалиција со Социјалдемократите (СПД), доби само 310 гласа во Долниот дом на парламентот, објави претседателката на Бундестагот, Јулија Клокнер. Нему му беа потребни најмалку 316 гласови за да биде избран во првиот круг.

Клокнер ја прекина седницата за да можат парламентарните групи да одржат консултации за понатамошните чекори.

Како што објавија бројни германски медиуми, вклучително и Франкфуртер алгемајне цајтунг, Билд и Јулијас Бетшка од Штерн, вториот круг од гласањето за канцелар најверојатно нема да се одржи денеска. Причината е стравот на соработниците на Фридрих Мерц дека нов пораз во истиот ден би бил уште попогубен за неговиот политички авторитет.

Иако официјална потврда се уште не е пристигната, извори од Бундестагот наведуваат дека политичките групи во моментов се затворени во кризни консултации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар уништи дискотека во Германија, 750 посетители успеаја да избегаат

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Кина ги престигна САД