Ураганот Ида кој се оддалечува од Куба е со поблуску до Лузијана и се очекува да ја погоди оваа американска држава во недела навечер.
„Жителите на Луизијана имаат време до вечер да се подготват за ураганот Ида. Ова ќе биде најсилниот ураган од 1850 година. Времето за бегање е дојдено“ – изјави гувернерот на Луизијана кој предупреди дека од ударот на ураганот ќе има „тешки последици“.
Според последните проценки, на патот кон Луизијата ураганот Ида ќе премине од четврта во петта категорија со ветрови со јачина од 200 километри на час.
Претсадателот Бајден одобри прогласување вонредна состојба во Луизијана со што државата ќе може да добие федерлана помош.