(ВИДЕО) Москва: Платеници од Косово, Албанија и од Босна се дојдени во Донбас

Од:

Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерираат дека се регрутираат платеници во регионот Донбас од Косово, Албанија и Босна рече министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на прес конференција по средбата со грчикиот министер за надворешни работи Никос Дендијас.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц и сите други лидери на НАТО велат дека алијансата е дефанзивна. Рускиот претседател Владимир Путин на конференцијата за новинари по разговорот со Шолц потсети на бомбардирањето во 1999 година. Шолц кажа дека НАТО интервенирало за да спречи геноцид над косовските Албанци, дека сè е направено успешно и дека сега овој регион цвета“ – вели Лавров.

Како што рече, регионот е всушност далеку од процут.

„Косово и некои други делови на Западниот Балкан стануваат легло на криминал. Има терористи, дилери на дрога. Тука е и регрутирањето платеници кои учествуваат во конфликти кои постепено се разгоруваат“ – предупредува рускиот министер.

Претходно месецов разузнавачки податоци од Донбас покажаа присуство на британски и полски платеници кои се борат на линијата на фронтот во источна Украина.

Регионот е турнат во граѓанска војна од пролетта 2014 година, по државниот удар во Киев поддржан од САД и Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски