ВИДЕО: Моментот кога сепаратистите ги пронашле црните кутии од „МН17“?

Од:

Проруските сили во Источна Украина соопштија дека пронашле предмет, кој личи на црна кутија и дека се подготвени да го предадат на меѓународните истражувачи, пренесуваат медиумите, додека, пак Украина ги обвинува дека ја опструираат истрагата за малезискиот авион и дека ги прикриваат доказите од местото на несреќата.

Киев тврди дека сепаратистите ги пренеле телата на жртвите во Доњецк, наспроти апелот од странство да се остават на местото на несреќата и да не се чепкаат.

– Експерти со руски акцент се закануваат дека сами ќе извршат аутопсија – се наведува во владиното соопштение во кое се истакнува дека бунтовниците се обиделе остатокот од авионот да го однесат во Русија.

Владата исто така потврди и дека црната кутија не е предадена на Киев. Странските медиуми наведуваат дека на местото на несреќата се забележани лица во униформи на кои нема никаква ознака и дека тие шетале наоколу и ги ставиле телата во пластични кеси. Како што се наведува „вооружени бунтовници предводени од Русија“ ги спречуваат меѓународните експерти да ја започнат истрагата и не им дозволуваат на набљудувачите на ОБСЕ да дојдат до местото на настанот.

Проруски сепаратисти негираат дека уништуваат докази Експертите истакнуваат дека обезбедувањето на местото на несреќата е од пресудно значење за зачуваат доказите, кои што се потребни за утврдување на падот на малезискиот „Боинг 777“.

-Постојат индиции дека клучните докази не се на место – вели малезискиот политичар, Лио Тјонг Лај.

Сепак руските бунтовници ги негираат обвиненијата дека го загрозиле местото на несреќата.

-Телата на жртвите лежат на топлина. Го задржуваме правото да ги тргнеме од тука, доколку процесот се одолжи и ја молиме Русија да испрати свои експерти во помош – рече претседателот на самопрогласената Доњецка Република, Александат Бродаи.

Проруските сили соопштија и дека дошле до предмет кој личи на црна кутија и дека се подготвени да им го предадат на меѓународните истражувачи. „Ројтерс“ пренесе дека еден од лидерите на проруските сили рекол дека пронашле објекти кои личат на црни кутии и дека ги однеле во Доњецк.

Руси бараат да им се прости Голем број Руси оставија цвеќе и пораки пред холандската амбасада во Москва. „Простете ни“, „Не се сите Руси убијци и терористи“, „Ова е срамно“, „Во нашата држава има многу луѓе кои ги сакаат другите. „Простете во нивно име“, се дел од пораките кои граѓаните на Москва ги оставија пред амбасадата на Холандија.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Инцидент на Хаити: Во авион е пукано при слетување, има и ранети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се запали моторот на авион што полета од Рим

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

ВИДЕО: Авион се запали пред полетување во Италија, итно евакуирани патниците

Одмаздољубива жена е виновникот за принудното слетување на патнички авион во Подгорица

Горан Наумовски