ВИДЕО: Момче му ја одзема пушката на убиецот од Калифорнија, објавена снимка од тепачката

Од:

10 лица беа убиени во Калифорнија за време на прославата на кинеската Нова Година. Нападот се случи во саботата вечерта по локално време во сала за танцување во Монтереј, мал град во непосредна близина на Лос Анџелес.

Неколку часа по нападот, напаѓачот беше пронајден мртов во комбето. Полицијата објави дека се самоубил.

Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишниот Ху Кан Тран, но дека неговиот мотив за масакрот е непознат.

Сега се појавија снимки од надзорните камери на кои се гледа моментот кога напаѓачот бил разоружан и принуден да побегне. Камерата го снимила 26-годишниот Брендон Цај како се бори со напаѓачот, му го зема оружјето и го принудува да бега, неколку моменти откако убил 10 луѓе.

Цај вели дека напаѓачот влегол во собата и му вперил оружје.

„Во еден момент се замрзнав. Мислев дека ќе умрам, дека мојот живот завршува тука, токму во овој момент“, изјави тој за NBC, кој го објави видеото.

„Но, тогаш нешто се случи. Всушност чудо“, рече тој.

„Почна да подготвува оружје за да може да пука и ми падна на памет дека ова е моментот да го разоружам“, раскажува тој.

„Можев да направам нешто за да ги заштитам сите и потенцијално да се спасам себеси“, рече тој, додавајќи дека во тоа време размислувал за семејството и пријателите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар избувна во фабриката Тесла во Калифорнија

(ВИДЕО) Хаос во Калифорнија: Снегот блокираше патишта

ВИДЕО: Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

(ВИДЕО) Домови на милионери паднаа по карпи, од лизгањето на земјиштето луксузни вили на само милиметри од Пацификот

Горан Наумовски

Хеликоптерска несреќа во Калифорнија, има и загинати

А1он

(ВИДЕО) Големо невреме направи хаос во Калифорнија, тројца мртви