Документ стар децении, наводно напишан од Осама бин Ладен со наслов „Писмо до Америка“ неодамна стана вирален на TikTok. Newsweek пишува дека некои млади Американци веруваат дека основачот на Ал Каеда во писмото изразил валидни ставови за нивната земја.
Over the past 24 hours, thousands of TikToks (at least) have been posted where people share how they just read Bin Laden’s infamous "Letter to America," in which he explained why he attacked the United States.
The TikToks are from people of all ages, races, ethnicities, and… pic.twitter.com/EwjiGtFEE3
— Yashar Ali 🐘 (@yashar) November 16, 2023
Документот на две страници, објавен од Гардијан, е писмо што Бин Ладен го напишал во 2002 година како полемика против САД и објаснување за идеологијата што го навела да ги организира нападите од 11 септември. Иако документот сега е стар 21 година, некои го гледаат текстот како начин да се разберат актуелните светски настани, вклучително и војната Израел-Хамас.
Пребарувањето на терминот „Писмо до Америка“ на TikTok покажува дека некои од најпопуларните поврзани клипови имаат повеќе од милион прегледи. „Секој треба да го прочита“, рече еден корисник на TikTok, предупредувајќи дека писмото ја остави „многу разочарана“ и „збунета“.
Друг корисник рече дека имала „егзистенцијална криза“ откако го прочитала документот и дека тоа и го променило целиот поглед на животот.
„Всушност ми е толку неверојатно што тероризмот беше продаден како таква идеја на американскиот народ… дека оваа група на луѓе, случајна група на луѓе, одеднаш се буди еден ден и само те мрази… тоа не има смисла“, изјави друг корисник на TikTok.
Неколку реакции на TikTok на писмото покажуваат дека корисниците се сеќаваат на нивната радост кога слушнале за смртта на Бин Ладен во 2011 година, а потоа ја споредуваат со нивниот шок откако го прочитале писмото во 2023 година, додавајќи ја фразата „тој беше во право“. Бин Ладен, син на богат саудиски бизнисмен, ја основал Ал Каеда во 1988 година по поразот на Советите и повлекувањето од Авганистан, конфликт во кој и самиот се борел.
Под негово водство, групата започна неколку смртоносни бомбашки напади во различни земји, вклучувајќи ги и нападите на 11 септември 2001 година, кога терористите киднапираа четири патнички авиони во источниот дел на САД. Два авиони ги погодија кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, додека еден се урна во Пентагон.