(ВИДЕО) Мјанмар: Во преден план час по фитнес, во позадина – воен удар

Од:

Инструкторка по фитнес од Мјанмар снимила цел час со танцување и инструкции за зацврстување на мускулите, додека во позадина на снимката се одвивал воениот удар во земјата, јавија медиумите.

Кинг Хнин Ваи, која често ги користела празните автопатишта околу главниот град Рангун за снимање видеа за нејзиниот канал посветен на фитнесот, ја објави на Фејсбук и последната снимка, која е многу поразлична од сите досегашни.

Иако и првичната локација за снимање би можела да се нарече чудна, на почетокот од видеото не може да се забележи ништо необично. Но, додека Ваи танцува во енергичниот денс-ритам, набргу во кадарот влегува голем воен конвој со оклопни возила и станува очигледно дека нешто не е во ред.

Токму во моментите кога инструкторката, занесена, продолжува со вежбањето и изгледа како да не ја забележува војската, генералите го извршија пучот во кој беше уапсена досегашната премиерка Аунг Сан Су Ќи, заедно со сите членови на нејзиниот кабинет.

„Со оглед на тоа што сликите на вакви конвои не се реткост во главниот град, мислев дека се е во ред и продолжив со својата работа,“ изјави Ваи.

Надреалната снимка на инструкторката и нејзиниот весел танц, кој е во остар контраст со сериозноста на ситуацијата што таа не сакајќи ја доловила, брзо стана вирална. Снимката е посебно популарна во Индонезија, откако беше објавено дека песната што Ваи ја користи, била химна на работнички протести во оваа земја минатата година.

Би можело да ве интересира

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски

ВИДЕО: Драстично зголемен бројот на жртви од земјотресот во Мјанмар

Катерина Ѓуровски