Украинската разузнавачка служба тврди дека единицата „Бели волци“ на нивната армија, сама, од почетокот на руската инвазија на таа земја уништила два полка на руската армија.
СБУ дури објави и видео снимено од воздух на социјалните мрежи, за кое тврдат дека покажува како голем број руски тенкови се онеспособени.
СБУ дури проценува дека само „Белите волци“ уништиле 216 тенкови откако рускиот претседател Владимир Путин наредил „специјална воена операција“ во февруари 2022 година, наведувајќи бројка од 94 тенкови по полк.
Ukrainian soldiers of the special unit of Ukraine's Security Service (SBU) "White Wolves" have destroyed 216 Russian tanks since the outbreak of the full-scale war, according to SBU
📹https://t.co/qgfdpTvbf9 pic.twitter.com/tN5W5vSo8i— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) August 26, 2023
Еден руски тенковски баталјон обично се состои од 31 до 40 главни борбени тенкови, според различни медиуми. Три баталјони сочинуваат еден полк, што значи околу 93-100 тенкови по полк. Тоа сугерира дека украинските вооружени сили збришале повеќе од два полка.
СБУ објави дека на видеото се гледа како Белите волци го „уништуваат третиот руски тенковски полк“. Целосната сила на тенковскиот полк на руската армија од 94 единици, нашите момци веќе „средија“ два полка и го комплетираат третиот! – беше наведено.
Снимката објавена од SBU во саботата покажува серија моменти во кои се чини дека беспилотните летала фрлаат експлозив врз руските тенкови. На ист начин беа уништени неколку оклопни возила на различни локации, вклучително и оние скриени под дрвја и меѓу згради.
Останува нејасно кога е уништен секој од тенковите и во кој временски период.
Инаку, како што се наведува, единицата „Бели волци“ е дел од СБУ и е одговорна за таргетирање на руските позиции.
Малку информации се дадени за тајната единица, иако СБУ редовно објавуваше видеа од нивните напади.
„Белите волци“ во март годинава тврдеа дека за една ноќ уништиле дури 10 руски тенкови. Украинската безбедносна служба СБУ објави видео на кое тие дејства се прикажани од птичја перспектива.
Според извештаите, оклопен транспортер бил погоден и во регионот на Доњецк. Снимката не е независно проверена, а не е објавена точната локација на нападот.
Претходно беше објавено дека е уништена „гордоста на руската армија“, тенкот Т-90. Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашенко, објави дека Националната гарда на Украина „ја следи и ја уништува гордоста на руската одбранбена индустрија – тенкот Т-90“.