ВИДЕО: Мирните протести во Рио, прераснаа во насилство

Од:

Мирните протести во кои учествуваа неколку илјади демонстранти во Рио де Женеиро, во знак на поддршка на учителите кои бараат повисоки плати, прераснаа во насилство, па маскирани анархисти палеле оган и се обиделе на сила да влезат во градското собрание.

По неколку часовни мирни протести, најмалку 200 маскирани анархисти оштетиле неколку објекти, меѓу кои и банки и се обиделе да ограбат автомати со пари, по што запалиле и оган на неколку места.

Запален е и еден автобус на авенијата Рио Бранко, а демонстрантите изнеле и мебел од неколку банки и го употребиле како барикади против полицијата, која што била принудена да употреби солзавец, за да ја растури насобраната маса.

-Кога нема полиција, нема ниту насилство. Кога тие ќе дојдат тогаш и тоа почнува, рече анархистот Хуго Криос.

-Јас сум подготвен, не им верувам, изјави дваесет и тригодишниот демонстрант за „Франс прес“.

Организаторите на демонстрациите велат дека околу 50.000 луѓе учествувале во протестот, додека полицијата тврди дека биле околу 10.000.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата