ВИДЕО: Мигранти насилно сакаат да влезат во Полска, со клешти и ножици ја сечат бодликавата жица

Од:

На социјалните мрежи се објавени десетици видеа од мигранти кои се обидуваат да влезат во Полска.

На видеата се гледаат групи од стотина луѓе, топло облечени и со ранци како шетаат по патот, пренесува француски „Монд“.

Според геолокацијата извршена од службата за проверка на информации на агенцијата Франс прес, едно од видеата е снимено во Бриж, Белорусија, на 1,2 километри од границата со Полска.

Во видеото објавено на Твитер од полското Министерство за одбрана се известува дека стотици мигранти се натрупале долж границата во близина на граничните премини Кузница-Брузги.

На друго видео објавено од полското МВР се гледа уништениот дел од граничната ограда што ја постави Полска, со стотици мигранти на едната и војници, полски граничари и опремена полиција од друга страна.

„Полските служби ги спречија мигрантите да упаднат на полската страна јужно од граничниот премин Кузница. Ситуацијата беше под контрола“, објави Министерството на Твитер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо