Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, како дел од проектот „Збор на класиците“ на руската државна телевизија, прочита дел од писмото на рускиот поет Фјодор Тјутчев. Писмото од 1844 година е упатено до Густав Колб, уредник на Всеобшчаја Газета, а Тјутчев во него пишува за вистинските основи на руските успеси и освојувања.
Медведев го започна својот настап со зборовите на поетот дека „со векови европскиот Запад сосема генијално веруваше дека постои и не може да има друга Европа“, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.
„Штом ќе признаеме, сè е јасно, сè е објаснето. Вистинската основа на брзите успеси и неверојатната експанзија на Русија што го запрепасти светот станува јасна. Почнувате да разбирате дека т.н. освојувања и насилство беа најмногу природно и легитимно нешто што некогаш било направено во историјата, се случи само огромно обединување“, продолжи поранешниот руски претседател.
„На Полска и се наметна лажна цивилизација и лажна националност“
„Исто така, станува јасно зошто, еден по друг, сите неприродни аспирации, сили и институции што и стоеја на патот, спротивно на големиот почеток, беа уништувани една по друга од Русија. Зошто, на пример, Полска мораше да пропадне“, додаде тој.
„Се разбира, не станува збор за изворната полска националност, не дај Боже, туку за лажната цивилизација и лажната националност што и се наметнати“, посочи Медведев. „Зборот на класиците“ е заеднички проект на руското Министерство за култура и Руската државна телевизија, а како дел од него, бројни претставници на руското Министерство за надворешни работи, меѓу кои и Сергеј Лавров, ги читаа делата на автори како Михаил Булгаков и Фјодор Достоевски.