(ВИДЕО) Медиуми: Има жртви во денешниот инцидент во шведскиот град Упсала

Од:

Неколку лица се убиени во пукотница во фризерски салон во градот Упсала, објавија шведските медиуми. Полицијата објави дека добила неколку пријави од граѓани кои пријавиле истрели во близина на плоштадот Ваксала во центарот на градот. Шведскиот весник „Афтонбладет“ објави дека најмалку три лица се убиени.

Пукањето се случило во пресрет на прославата на Валпургиската ноќ, традиционален пролетен фестивал кој привлекува голем број луѓе на улиците секоја година. Според полицијата, неколку лица биле пронајдени со повреди што укажуваат на прострелни рани.

Голем дел од областа е ограден, а истрагата е во тек. Портпаролот на полицијата, Магнус Јансон Кларин, за локалните медиуми изјави дека добиле повеќе пријави за истрели во областа.

„Бараме повредени лица во областа откако добивме информации од очевидци дека слушнале експлозии во областа“, изјави портпаролот на полицијата Магнус Кларин, истакнувајќи дека во овој момент полицијата не може да даде дополнителни детали за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Афтонбладет: Тројца убиени, убиецот избегал со електричен скутер

Горан Наумовски

Оружен инцидент во Шведска, неколку лица се повредени

Горан Наумовски

Почина скопјанецот кој беше застрелан кај Бит Пазар

А1он

(ВИДЕО) Оружен инцидент на Бит Пазар, едно лице е рането, а повредена е и жена

Горан Наумовски

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Полицијата уапси маж од прилепско кој пукаше со пиштол и пушка

Горан Наумовски