ВИДЕО: Масовна тепачка за лежалки во Шпанија, настрада носот на 13-годишно девојче

Од:

Масовна тепачка избувна во средата во хотелот „Санта Сузана“ во Каталонија, на околу 64 километри од Барселона, при што 13-годишно британско девојче доби скршен нос откако маж го удрил со тупаница во лицето. Инцидентот, кој според сведоците започнал поради лежалка покрај базенот, предизвикал паника меѓу десетици туристи, пренесува The Sun.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како најпрво доаѓа до туркање меѓу гостите, по што избувнува масовна тепачка. Еден од мажите повеќепати удира жена во зелен костим за капење.

Според сведоците, конфликтот започнал кога 13-годишното девојче седнало на празна лежалка, не знаејќи дека таа наводно била резервирана за член на локално семејство. Наместо предупредување, мажот веднаш физички ја нападнал.

Девојчето било пренесено во болница со крваво лице и скршен нос. Очевидци тврдат дека на напаѓачот му се придружиле и негови пријатели, додека други британски туристи се обиделе да го заштитат детето.

Сведоците велат дека сцените биле шокантни.

„Невино 13-годишно девојче беше удрено со тупаница во лицето само затоа што седнало на празна лежалка. Немаше поим дека некој ја смета за своја. Не кажа ниту збор, само ја нападна. Тоа беше одвратно. Како може возрасен човек така да се однесува кон дете?“, изјавил еден очевидец за The Sun.

Тој додава дека за неколку секунди настанал целосен хаос, а слушнал и човек како вика: „Тргни се од мојата лежалка!“.

Гостите тврдат дека полицијата не сакала да ја отстрани групата

На местото на настанот пристигнале полиција и итна медицинска помош.

Според тврдењата на дел од гостите, полицајците и персоналот на хотелот им рекле дека се „премногу исплашени“ да ја отстранат групата шпански Роми, за која тие тврдат дека го предизвикала инцидентот. Ова тврдење е изнесено од сведоци и не е официјално потврдено од властите.

Наместо тоа, нападнатото девојче и нејзиното семејство, по укажаната лекарска помош, биле преместени во друго туристичко одморалиште.

Инцидентот е најнов пример на таканаречените „војни за лежалки“, долгогодишен проблем во шпанските туристички центри, каде што гостите уште рано наутро резервираат лежалки со пешкири.

Од туристичката агенција Love Holidays, преку која дел од гостите го резервирале сместувањето, соопштија дека се запознаени со случајот и дека во соработка со хотелот го истражуваат инцидентот.

„Безбедноста на нашите клиенти е наш највисок приоритет. Во контакт сме со засегнатите гости и им обезбедуваме поддршка“, соопштија од агенцијата.

Би можело да ве интересира

Се обидоа да влезат во резиденцијата на Санчез, илјадници луѓе бараат оставка од шпанскиот премиер

Две лица загинаа, четворица се тешко повредени во пукотница во Шпанија

Одбиен предлогот на Трамп Шпанија да биде исфрлена од НАТО

Анкета во Шпанија: Трамп е поголема закана за мирот од Путин

А1он

Мадрид: Ескалацијата се заканува да ја потресе целата планета

Трамп: Ќе ги прекинеме сите трговски односи со Шпанија