ВИДЕО: Масовен украински напад со дронови длабоко во Русија, бројот на мртви расте

Од:

Најмалку 13 лица загинаа, а 39 се повредени во украински напад со дронови врз рускиот град Нижнекамск во Татарстан, објави градоначалникот Радмир Бељаев. Според руските медиуми, меѓу загинатите има и дете.

Во нападот била погодена и големата рафинерија ТАНЕКО, која е во сопственост на руската нафтена компанија „Татнефт“. Рафинеријата и претходно беше цел на украински напад, на почетокот на јуни.

Нижнекамск се наоѓа на повеќе од 960 километри од украинската граница.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека во период од 12 часа руската противвоздушна одбрана пресретнала и уништила вкупно 285 украински дронови. Според Министерството, дроновите биле соборени во периодот од 7 до 19 часот по средноевропско време, при што најголем број биле пресретнати над централните и западните руски региони.

Напади биле регистрирани и во Башкортостан, руски регион кој се наоѓа меѓу реката Волга и планината Урал.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека руската противвоздушна одбрана уништила пет дронови кои летале кон главниот град.

Украинските напади со дронови врз Москва и други делови од Русија се интензивираа во текот на војната.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лимитирањето на „Старшилд“ за Украина е по наредба на Белата куќа

ВИДЕО: Украинците со дронови го погодија најголемиот руски дата-центар

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

ВИДЕО: Русите жестоко го нападнаа Киев, Украинците ги обвинуваат сојузниците

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Повторно погодени бродови во Црното Море кај Бугарија

Катерина Ѓуровски

Европа контра Трамп, подготвува нов пакет санкции за Русија