Две Американки од државата Флорида маскирани како стари жени се обиделе преку измама да ја добијат втората доза вакцина, пренесуваат американските медиуми.
Како што соопшти Канцеларијата за јавно здравје на округот Оринџ во Флорида, жени на возраст од 44 и 34 години пристигнале на местото на вакцинација носејќи капи, ракавици и очила за да ги приријат своите години.
Директорот на Канцеларијата за јавно здравје во округот Оринџ, др. Раул Пино на прес-конференција рече дека двете жени имаат потврда дека ја примиле првата доза на вакцината. Но, не биле во можност да ја добијат втората доза, бидејќи здравствените работници на местото на вакцинација се посомневале во исправноста на нивните лични документи.
Здравствените власти не знаат како тие успеале да ја примат првата доза од вакцината и дали и тогаш се маскирале.