(ВИДЕО) Масакр на фудбалски натпревар: Тројца убиени при вооружен упад на теренот

Од:

Жителите на ексклузивна заедница на островот Моколи, во еквадорската покраина Гвајас, беа потресени од брутален вооружен напад кој потсетува на сцени од најбруталната серија за дрога. Во строго чуваниот комплекс, познат по своите луксузни резиденции и високи безбедносни мерки, беше извршена професионална ликвидација во која загинаа три лица.

Нови снимки од безбедносни камери, ги откриваат застрашувачките детали од нападот. Група од најмалку 10 тешко вооружени мажи упаднаа на спортскиот терен каде што во тој момент се играше рекреативен фудбалски натпревар. Напаѓачите носеа униформи идентични со оние што ги користела еквадорската полиција и армија, што предизвика конфузија во првите секунди. Со извици „Сите на земја!“, напаѓачите ги опколија преплашените цивили.

Главна цел на нападот бил Алијас Марино, висок водач на озлогласената криминална група „Лос Лагартос“. На видеото се гледа како еден од напаѓачите се приближува кон Марино, брутално го шутира во лицето, а потоа му гази по главата додека тој лежи беспомошен на вештачката трева.

Во 21.21 часот, се слушнаа првите рафали. Напаѓачите користеа оружје од голем калибар, а покрај Марино, уште двајца мажи беа убиени на лице место, додека неколку лица беа ранети и итно префрлени во болници.

Истражителите веруваат дека овој напад бил внимателно испланирана акција насочена кон „замолчување“ на водачот на „Гуштерите“ (Лос Лагартос). Марино беше познат по своите чести патувања во Дубаи и развиена мрежа за шверц на дрога во еквадорските пристаништа. Неговата ликвидација во зоната што се смета за „најбезбедна во земјата“ испрати застрашувачка порака до локалното подземје.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец од Канада имал ментални проблеми – тој ѝ бил познат на полицијата

Горан Наумовски

Полицијата сè уште не го откри мотивот за масакрот во Канада, ниту пак е пронајдена порака од напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Убиен е обезбедувач од Универзитетот во Анапа кој спречи масакр, во оружениот инцидент има повредени

Масакр над цивили: Убиени се бебиња, деца, жени – лекарите пријавуваат голем злостор во Судан

Масакр на фудбалски стадион во Мексико – убиени се најмалку 11 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масакр во џамија во Хомс, има голем број загинати и повредени

Горан Наумовски