(ВИДЕО) Маск објави снимка: Ова Британија е или Советскиот сојуз ?

Од:

Илон Маск ја продолжува кавгата со британскиот премиер Кир Стармер за немирите што ја зафатија Велика Британија.

Милијардерот објави видео на X на кое се гледа како полицајци апсат маж поради навредливи коментари на Фејсбук. „Уапсен поради коментар на Фејсбук! Дали е ова Британија или Советскиот Сојуз? Дали е ова вистина @Community Notes“, напиша Маск, означувајќи ја услугата за проверка на факти на X.

На видеото се гледа како полицајка му кажува на мажот дека е уапсен под сомнение дека неправилно користел електронска комуникациска мрежа. Споменатото кривично дело се однесува на испраќање пораки со „јасно навредлив, непристоен или заканувачки карактер“ и може да резултира со максимална затворска казна од шест месеци или парична казна.

Маск, исто така, го праша Стармер: „Зошто сите заедници не се заштитени во Британија?“. Тоа беше коментар на видеото на кое се гледа толпа маскирани луѓе околу паб, а некои од нив веат палестинско знаме. Маск даде слични коментари во понеделникот, откако Стармер рече дека нема да толерира напади врз муслиманските заедници.

Џамиите и хотелите во кои се сместени баратели на азил беа меѓу целите на немирите низ Британија минатата недела, пишува Sky News. Расправијата меѓу британскиот премиер и американскиот мултимилијардер започна кога Маск изјави дека „граѓанската војна е неизбежна“ во Велика Британија.

Немирите започнаа во Саутпорт минатиот вторник по фаталниот напад со нож во кој беа убиени три девојчиња. Немирите потоа се проширија и во другите градови низ земјата. Аксел Рудакубана, млад човек роден во Кардиф, чии родители се по потекло од Руанда, е одговорен за убиството на трите девојчиња.

Би можело да ве интересира

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Тужба против Маск за измами при купувањето на Твитер

Премиерот на Шпанија го обвини Илон Маск дека ја поткопува европската демократија

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

„Не го хранете тролот“ – Олаф Шолц за Илон Маск

Бајден го одликуваше Сорос, Маск објави фотомонтажа: „Ова е травестија“