ВИДЕО: Макрон им се заблагодари на „оние кои ја спасија“ Нотр Дам де Париз

Од:

Во видео објавено на социјалните мрежи францускиот претседател Емануел Макрон ја повторува „благодарноста на нацијата“ до „спасувачите, донаторите и градежниците“ на катедралата Нот Дам де Париз. Тој вели дека сè ќе се стори за да се исполни петгодишниот рок за реставрација на Богородичната црква од Париз, јави дописникот на МИА.

Точно, една година по пожарот што ја опустоши Нотр Дам де Париз претседателот Макрон објави порака на благодарност за сите оние кои ја спасиле и потоа работеле на обновата на катедралата.

-Деликатно е да се зборува за било која друга тема, освен здравствената криза, која ги монополизира нашите мисли и нашите животи, признава Макрон.

Но, катедралата ги имаше и своите „херои“, кои претседателот сакаше да ги поздрави.

-Ништо не забораваме: ниту херојскиот бран на смелост што ја спаси катедралата од пламенот, ниту огромниот бран на великодушност, што се појави во деновите и неделите што следуваа. Војниците, полицијата, вработените во епархијата, мајсторите, архитектите … сите заслужуваат признание од нацијата, изјави Макрон.

Би можело да ве интересира

Завршени градежните зафати врз катедралата Нотр-Дам, за некој месец почнува реставрацијата

Катедралата Нотр Дам ќе биде отворена во 2024 година

Концерт на Бадник во Нотр Дам

Ана Ололовска

Почна обновата на оргулите во Норт Дам

Жарко Настоски

Макрон бара обнова на „Нотр Дам“ во согласност со претхониот изглед

Ана Ололовска

Ѕвоната на Нотр Дам ќе заѕвонат на годишнината од пожарот

Ана Ололовска