Во зоолошката градина во Ташкент во Узбекистан, мајка ја фрли тригодишната ќерка во кафезот на мечка. Инцидентот кој се случил во петокот е снимен на надзорните камери.
На видеото се гледа дека еден човек се обидува да ја спречи жената, но таа сепак го испушта девојчето.
Ужаснатите посетители гледале како мечката му се приближува на девојчето, но мечката не го напаѓа детето. Го помирусува и се оддалечува. Чуварите брзо ја намамиле мечката во затворениот дел од кафезот и ја заклучиле. Потоа го изнеле девојчето кое има сериозни повреди од падот.
„Детето падна од висина од пет метри и има повреди на главата. Не е во животна опасност, но нејзината состојба се следи интензивно“ – соопштија надлежните.
Мајката е обвинета за обид за убиство и и се заканува затворска казна од 15 години. Не е познато зошто го фрлила детото во кафезот.