ВИДЕО: Мајка се одмаздила за својот син и убила 25 Талибанци

Од:

Реза Гул од Авганистан, чиј што син е убиен од заседа во покраината Фарах додека на контролна точка дежурал со полициска екипа, одлучила да им се одмазди на Талибанците. Со помош на ќерка си и снаата го предводела крвавиот напад против напаѓачите на нејзиниот син, при што се убиени 25 и повредени пет милитанти, во судирот кој траел цели седум часа.

– Бев толку бесна што не можев да се смирам. Ја зедов пушката, се приближив до контролната точка и започнав да пукам кон нив. Фрлав и рачни гранати- вели таа и додава дека никогаш пред тоа немала контакт со оружје.

Нејзината снаа наведе дека не се предавале до последниот куршум и дека нивната куќа е целосно уништена.

– Изгубивме се, пари, садови, прозорци, се е изгорено, но успеавме да се одбраниме- вели таа.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи тврди дека оваа борба претставува симбол на народно востание против Талибанците.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски