Мачка спаси двемесечно бебе оставено до контејнер, во близина на една зграда во Москва, така што бебето го греела со своето тело, пренесе руската телевизија„ Ѕвезда“.
Момчето на возраст од два до три месеци, било оставено во картонската кутија, која мачката наречена Маша, ја користела за спиење до контејнерот.
Според наводите животното неколку часа го греело бебето со своето тело, се додека една жена не го слушнала како плаче.
Станарите велат дека мачката не сакала да се оддели од бебето и дека го следела возилото на итната помош која го однела момчето во болница.
Е. Г.