Во Норвешка на островот Бастој неколку километри од крајбрежјето на Осло, затворениците меѓу кои има убијци, силувачи, живеат зад луксузни решетки.
На островот со површина од 2,6 квадратни километри, преку ден работат 70 затвореници, од кои 35 се чувари во униформи, чија главна работа е да ги пребројуваат затворениците.
Во затворските бунгалови престојуваат по шест затвореници. Секој има своја соба, а останатите простории, кујни и слично им се заеднички. Идејата е да се навикнат на животот кој ги очекува кога ќе излезат од затворот.