Поради сѐ почестите кражби и бегство со мотори, полицијата во Лондон почна со радикални мерки против овие криминалци. Тие поради брзото возење се опасни и за велосипедистите и за пешаците, истакнуваат полициските власти.
Имено, на Јутјуб се појавија снимки од сигурносни камери, каде што полициско возило му се доближува на мотоциклистот и го удира за да го запре.
– Тоа е единствено решение. Некои мислат дека ако ја тргнат кацигата, ќе прекинеме да ги бркаме… Понекогаш и прекинуваме со потерата, ама сепак, оваа тактика ја користиме и при фаќање возачи без кацига, изјави поручник Тони Мекговерн.
Властите ја донесоа таа одлука по неодамнешен случај кога крадци на мотори ограбија 30 лица за еден час.