Американскиот сенатор Линдзи Грам за „American’s Newsroom“ изјави дека луѓето може да го видат падот на Демократската партија преку последните резултати од Њу Хемпшир.
„Претседателот е на позиција од која не може да загуби, бидејќи сите потешкотии се одбиваат кај демократите“, рече Грам.
Грам во своето обраќање истакна дека овие моменти се клучни за победата и реизборот на актуелниот претседател, доколку номинацијата од демократите не биде утврдена по првиот круг на гласање.
Тој истакна: „ Го гледате падот на Демократската партија кој вашите дедо и баба веќе го знаат, а ќе видиме како ќе влијае врз Америка во иднина“.