(ВИДЕО) Купер: Ја потопуваме целата иранска морнарица и нема да застанеме

Од:

Американската војска уништи 17 ирански бродови, вклучувајќи и подморница, како дел од воената кампања против Иран во која учествуваат десетици илјади војници, изјави во видео порака адмиралот Бред Купер, командант на американските сили на Блискиот Исток.

„Едноставно кажано, ние сме фокусирани на сè што може да нè погоди“, рече адмиралот Купер во порака објавена на социјалната мрежа X, опишувајќи ги „несомнено хируршки прецизните напади“ од бомбардерите Б-2 и Б-1.

„Исто така, ја потопуваме иранската морнарица – целата морнарица“, додаде тој.

„Досега уништивме 17 ирански бродови, вклучувајќи ја и најоперативната иранска подморница, која сега има дупка на страната. Иранскиот режим со децении го нарушува меѓународниот поморски сообраќај. Денес, нема ниту еден ирански брод во Арапскиот Залив, Ормутскиот Проток и Оманскиот Залив“, рече Купер.

„И нема да застанеме“, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација