ВИДЕО: Крвав поход на 20-годишно момче во Шведска, со нож бодеше луѓе по улица

Од:

Шведската полиција денеска застрела млад човек од околу 20 години, откако тој, вооружен според некои извештаи со нож, а според некои сведоци со секира, напаѓаше луѓе кои ги сретнал по улиците на гратчето Ветланда на југот на земјата.

Осуммина се повредени во серијата напади, а неидентификуваниот напаѓач е ранет во ногата и пренесен во болница, соопшти полицијата, која додаде дека инцидентите имаат елементи на терористички напад.

Апсењето на осомничениот за крвавите напади

Не се откриени повеќе детали за сериозноста на повредите, освен тоа дека некои жртви се полесно, а некои потешко ранети.

На социјалните мрежи се објавени и снимки на кои е забележан моментот кога полицијата пука во осомничениот, пред да го уапси.

Уапсениот млад човек претходно ѝ бил познат на полицијата по помали престапи. Шведскиот министер за внатрешни работи Стефан Левфен го осуди нападот.

„Со ваквите одвратни напади ќе се соочиме со здружените сили на нашето општество,“ изјави тој.

Од полицијата напоменуваат дека иако нападот се води како терористички, осомничениот се уште не е испрашан, а мотивите не се јасни.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме

Шведска реновира десетици илјади засолништа низ целата земја

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болница во Шведска

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

(ВИДЕО) Со возило прегази осуммина пешаци – можен терористички напад во Израел

А1он