ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

Од:

Во нападот во Рокфорд, Илиноис, загинаа четири лица, а пет се повредени, додека осомничениот млад човек (22) е уапсен.

Полицијата соопшти и дека некои од жртвите биле избодени, но дека во нападот не било употребено огнено оружје, пренесува CBN News Chicago.

Шефот на полицијата во Рокфорд, Карла Ред, изјави дека при нападот со нож загинале вкупно четири лица, петмина се повредени, а еден од нив е тешко.

Загинаа девојка (15), жена (63), маж (49) и млад маж (22). Четири лица се префрлени во болници, каде нивната состојба е стабилизирана.

Повиците до полицијата и итната помош пристигнувале од повеќе правци додека нападот траел приближно 20 минути, а екипите набрзо биле на терен.

Од полицијата истакнаа дека засега не е јасна причината за нападот што се случи во средата.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски