(ВИДЕО) Крвав бунт во Иран: Над 500 убиени, Ајатолахот му се заканува на Трамп

Од:

Во Иран, во третата недела од масовните антивладини протести загинаа над 500 луѓе, според американската организација за човекови права, додека властите ја држат земјата се без интернет и телефонски врски повеќе од 72 часа.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран побарал преговори, но дека САД разгледуваат воени опции, за што Техеран се закани со одмазда. Протестите се проширија надвор од Иран, а инциденти се регистрирани во Лос Анџелес и Лондон.

Во исто време, САД разгледуваат можни опции за дејствување, додека иранските власти ги обвинуваат Вашингтон и Израел за поттикнување немири.

Клучни информации:

Најмалку 544 демонстранти убиени

САД го предупредуваат Иран, Трамп тврди дека Техеран побарал преговори

Наметнато е речиси целосно исклучување на интернетот

Иранскиот врховен лидер му се заканува на Трамп преку карикатура

Официјалниот профил на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, на социјалната мрежа X објави карикатура на која американскиот претседател Доналд Трамп е прикажан како распаѓачки саркофаг, со порака „и тој ќе биде соборен“.

Илустрацијата го прикажува американскиот лидер како камен саркофаг поставен во гробница украсена со хиероглифи. Ковчегот, кој е видливо испукан и е во процес на распаѓање, е гравиран со американското знаме и Големиот печат на Соединетите Американски Држави. Карикатурата е придружена со текстот: „Како фараон“.

Би можело да ве интересира

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина

Хезболах: Нема да се мешаме ако САД извршат „ограничен“ напад врз Иран

Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

Иран го предупреди Трамп да не донесува одлуки врз основа на лажни информации

ВИДЕО: Нејасни пораки, конфузно објаснување за Иран – што кажа Трамп во најдолгото годишно обраќање на нацијата

ВИДЕО: Исчезнаа документите од ФБИ за жена која тврди дека Епстин и Трамп ја злоуптребувале, објави СНН

Катерина Ѓуровски